Медведев до Трамп: Добро започнавте, честитки, господине претседателе!

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, ги коментираше ноќните напади на САД врз објекти во Иран, нагласувајќи дека со такви „успеси“ американскиот претседател Доналд Трамп нема да ја добие Нобеловата награда за мир.

„Со вакви успеси, Трамп нема да ја види Нобеловата награда за мир, дури и покрај фактот дека таа може да се купи за пари. Добро започнавте, честитки, господине претседателе!“, напиша Медведев на својот Телеграм канал.

Иран ќе ја продолжи својата нуклеарна програма дури и по американските напади, убеден е Медведев.

„Што постигнаа Американците со нивниот ноќен удар врз три точки во Иран? Критичната инфраструктура на нуклеарниот циклус, очигледно, не беше оштетена или беше оштетена само малку“, нагласи тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: