Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека за руската демократија ќе може да се суди по сто години, бидејќи сега мора да се земе предвид наследството од советскиот период кој заврши пред само две децении.„Ги правиме само првите чекори во развојот на нашиот политички систем и демократските институции во земјата, не треба да бидеме оценувани според стандардите на најдобрите. На пример, доколку има проблеми во демократијата за сто години, тоа значи дека не сме ја развиле добро“, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев во разговорот за претставниците на европските медиуми кој го пренесува РИА Новости, а е објавен на интернет страницата на руската влада.Медведев нагласува дека ниту во царскиот, нити во советскиот период во Русија немало никаква демократија.„Во ништо не се разликуваме од европските земји, не гледаме поинаков пат за демократијата кој би се темелел на посебните руски пристапи“, додал Медведев.Невладината организација Human Rights Watch (HRW), во извештајот што го издаде во почетокот на годинава наведе дека минатата 2012 година била најлошата за човековите права во Русија од распаѓањето на Советскиот сојуз. Малата опозиција и руските ограноци на западните организации за човекови права постојано тврдат дека се потешко се кршат човековите права и слободи, особено имајќи го на цел враќањето на функцијата претседател Владимир Путин минатиот мај, кој оцени кон крајот на овој февруари дека во 2012 година „немало никакви особени проблеми во областа на човековите права“.Од друга, страна и Москва по примерот на западот почна со изготвување на редовните годишни извештаи за состојбата на човековите права во земјите, при што особено ги критикуваше САД и Велика Британија за нарушување на човековите права и слободи.
МакфаксРускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека за руската демократија ќе може да се суди по сто години, бидејќи сега мор