Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната програма и нема да се откаже од неа

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека Иран го гледа својот опстанок во сопствената нуклеарна програма и нема да се откаже од неа под никакви напади.

„Никакви напади тука нема да помогнат – 100 насто. Техеран го гледа својот опстанок во нуклеарната програма. И ќе ја продолжи по секоја цена“, рече Медведев во објава на социјалната мрежа ВКонтакте.

Тој предложи и Иран и Израел заедно да се откажат од своите нуклеарни програми, но, сепак изрази сомнеж дека двете земји ќе го сторат тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи: