Директен конфликт меѓу Русија и САД, доколку се случи, ќе ескалира во светска нуклеарна војна, смета заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев, пренесува Танјуг.
Скапо е да се бориш со Америка. Директен конфликт очигледно би ескалирал во глобална нуклеарна војна“, напиша Медведев на „Телеграм“, пренесува РИА Новости.
Во објавата тој исто така изрази уверување дека Русија и САД дефинитивно нема да станат пријатели во следниот век и дека по завршувањето на хибридната војна на Западот против Русија, Руската Федерација „може да ги игнорира Обединетите држави“, наведува агенцијата.