МЕДВЕДЕВ СЕ ОГЛАСИ ПО ВЕСТА ЗА УКРАИНСКИ ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМ Неговите зборови ја потресоа планетата

Медведев иронично го коментираше назначувањето на Јермак за шеф на украинската делегација на преговорите со САД: „Одличен избор, само Минѓиќ е подобар“.

Да ве потсетиме дека украинскиот претседател Володимир Зеленски го назначи Андриј Јермак , шефот на претседателскиот кабинет, за водач на делегацијата за преговори со САД и Русија.

Уредбата за промени во украинската делегација беше објавена на официјалната веб-страница на претседателот на Украина. Во документот се наведува дека „на шефот на делегацијата му е дозволено, во договор со претседателот на Украина, да прави промени во нејзиниот состав“.

Шефот на кабинетот на претседателот, Андриј Јермак, изјави дека завршувањето на војната е еден од клучните приоритети на американскиот претседател Доналд Трамп, што тој го смета за позитивен сигнал за Киев.

Покрај Јермак, во делегацијата се и:

Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана (СНБО);Кирило Буданов, началник на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана;Андреј Игнатов, началник на Генералштабот на вооружените сили на Украина;Олег Ивашенко, началник на Службата за надворешно разузнавање;Сергеј Кислица, прв заменик-министер за надворешни работи;Јевген Острјански, прв заменик-секретар на СНБО;Александар Поклад, заменик-началник на СБУ;Александар Бевс, советник на шефот на претседателскиот кабинет.
The post МЕДВЕДЕВ СЕ ОГЛАСИ ПО ВЕСТА ЗА УКРАИНСКИ ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМ Неговите зборови ја потресоа планетата appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: