Екипата на „Медена земја“ е подготвена за црвениот килим.
Според најавите македонската дизјанерка Тања Кокев е креаторка на смокинзите на Љума и Даут. Таа треба да се погрижи и за главната ѕвезда на вечерта, Атиџе. Претходно, на еден од предоскарските настани режисерката Тамара Котевска носеше креација на Кокев.
Доцна вечерва, после полноќ, по македонско време ќе се одржи свечената церемонија на доделување на најпрестижната филмска награда Оскар, а „Медена земја“ има историски две номинации – во категоријата најдобар странски филм и најдобар документарен филм.