Медени интегрални бисквити

Овој рецепт е одлична инспирација да направите здрави домашни бисквити за најмалите и највозрасните љубители на десерт.
Потребни состојки:
-300 г мусли со парчиња чоколадо
-100 г брашно
-1/4 лажичка сода бикарбона
-едно јајце
-100 г мед
-100 кокосово масло или путер


Начин на подготовка:
Измешајте ги житарките со брашно и додадете ја сода бикарбоната. Во средина на смесата додадете ги јајцето, медот и стопеното кокосово масло или путер, па измешајте со лажица. Соединете со рацете во еднолична смеса.
Со помош на лажица и влажни раце земете од смесата и формирајте колачиња, па ставете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
Печените бисквити оставете да се оладат, па послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.