Сопственикот на Руле Турс, Масар Омераѓиќ близок човек на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски влегува во градежниот бизнис и ќе ја бетонизира општина Гази Баба.
Контроверзниот бизнисмен кој стана познат за македонската јавност откако на рочиштето за судски спор меѓу Фершпед и Рулетурс во Основниот суд 2 во Скопје физички се пресмета со Штерјо Наков и неговиот син Драган ќе гради зграда од 30 метри во Гази Баба.
Близната на Омераѓиќ со Мицкоски очигледно се исплати со оглед на фактот што со измени во Деталниот урбанистички план во општина Гази Баба, бизнисменот добива огромна станбена квадратура на парцелите кои ги поседува. Една од нив се наоѓа на местото на поранешната фабрика за тестенини Глорија.
Со измените во ДУП-от вкупната развиена површина за колективни згради изнесува 33 илјади метри квадратни во само еден блок, а најголемиот дел од таа квадратура ја добива токму Масар Омераѓиќ.
Измените се во општина со која раководи „детето“ на Мицкоски како што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ самиот милува да каже за Бобан Стефковски.
Во еден станбен блок Омераѓиќ гради не една туку две згради, од која едната е на шест спрата, а другата на единаесет спратови со висина од речиси 30 метри.
Неодамна Омераѓиќ (на фотографијата во средина) беше фотографиран во скопската кафеаната Баба Цана со екс- директорот на ЈСП, поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник, Игор Јанушев.
На масата со Омераѓиќ и Јанушев се најде и сопственикот на компанијата Маратон, Љупчо Костовски маркетинг агенција која од Јанушев доби договор на 10 години за закуп на автобусите на ЈСП за поставување реклами. Годишно, Маратон прави околу 7 милиони евра од договорот потпишан со Јанушев, а ЈСП наплаќа од компанијата околу седум илјади денари од автобус за поставените реклами.
Прашањето е дали во режија на екс-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев е договорен уште еден бонбона бизнис во интерес на раководството на партијата.
И додека Мицкоски е наводно загрижен за дефакто измислена бетонизација на општините во Скопје кој не се под негова контрола, неговите градоначалници напорно работат на фактичка бетонизација на главниот град.
Колку за пример со нови измени во Деталниот урбанистички план во општина Ѓорче Петров со која раководи кадар на ВМРО-ДПМНЕ е предвидена изградба на 50 нови станбени згради, од кои и неколку 17-катници.
извор: инфомакс
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.