Кинескиот претседател Си Џинпинг нема да отпатува во Вашингтон следниот месец на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, јавува CBS News, повикувајќи се на информирани извори.
Амбасадорот на Кина во САД и неговата сопруга се очекува да присуствуваат на инаугурацијата, како што е стандардна практика.
Извори за овој медиум изјавија дека може да им се придружат и други официјални лица од Пекинг.
Според американската телевизија, поканата до Кси, која била пренесена надвор од формалните дипломатски канали, ги изненадила и Пекинг и сојузниците на САД, во време на зголемена тензија во односите меѓу двете земји.
Претходно, прес-секретарот на Трамп, Каролин Ливти, потврди дека новоизбраниот американски претседател го поканил Си Џинпинг на неговата инаугурација, закажана за 20 јануари 2025 година.