Медицинска сестра од Неготино позитивна на Ковид-19

Веста ја потврдија од Центар за јавно здравје Кавадарци, и информираат дека 57-годишната жена се тестирала откако пројавила одредени симптоми, како покачена температура и градна болка.
-Пациентката се наоѓа на домашно лекување, се уште немаме точна информација, но до пред некој ден одела на работа. Сепак, таму сите вработени се добро заштитени, не можеме со сигурност да кажеме како и дали се инфицирала на работното место. Моментално се утврдуваат контактите на пациентката – изјавија од Центарот.
Медицинската сестра е прв здравствен работник инфициран со Ковид-19 во Неготино. Во градот ова е единаесетти случај на вирусот. Во Демир Капија досега се регистрирани десет случаи, кои исто така се водат под Општина Неготино, а моментално се активни десет случаи заедно во двете општини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.