Медицински јаглен – најмоќен чистач на организмот

Праксата на чистење на организмот со активен јаглен не е нешто што настанало во модерното време, туку тоа постои како практика уште од времето на древниот Исток.
Активниот јаглен е многу моќен 100 % алкален чистач. Неговиот негативен јонски набој има способност да привлекува позитивно јонски честички, ги врзува за себе и потоа заедно со своите честички ги исфрлува надвор од нашето тело.
Тој претставува моќна супстанца која помага во лечење на многу болести на цревата, вклучувајќи го и дебелото црево. Особено од голема корист е во отстранување на надуеноста, гасовите и елиминирање на непријатниот мирис предизвикан од лошото варење на храната. Тој исто така, помага и за многу желудочни проблеми.


Овој црн прав ги заробува токсините во својата структура и буквално ги отфрла од нашето тело низ дебелото црево. Се употребува и за намалување на болките во стомакот и за симптоми на стомачен вирус.
Тој се смета и за безопасно средство за белење на забите. Се користи едноставно, како сода бикарбона, со таа разлика што оваа метода не предизвикува оштетување на забите. Миењето на забите со активен јаглен го отстранува и лошиот здив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.