Еден од лидерите на црногорскиот опозиционен Демократски фронт (ДФ), Небојша Медојевиќ вели дека е време за црногорска пролет за да, како што рече, се одбрани волјата на граѓаните на Црна Гора и победата на Миодраг Лекиќ на претседателските избори.
Тој истакна дека ДФ е одлучен во намерата да докаже дека Лекиќ победи на претседателските избори на 7 април.Немаме намера да се колебаме во остварувањето на нашата цел. Не сакаме да бидеме соучесници во креирањето на неслободно, нестабилно и неефикасно општество. Напротив“, наведе Медојевиќ на својот профил на Фејсбук.Тој вели дека ДФ по исцрпувањето на институционалните механизми ќе трне во сосема поинаква борба.„Секој слободен човек е свесен за состојбата во која се наоѓа нашето општество и државата мора да стане дел од најширокиот фронт-за слобода и демократија, за чест и достоинство на секој човек. Почнува црногорската пролет. Се гледаме на улица“, порача Медојевиќ..
Makфакс
Еден од лидерите на црногорскиот опозиционен Демократски фронт (ДФ), Небојша Медојевиќ вели де