Мексиканската претседателка ја одби поканата на Зеленски: Политиката на Мексико се заснова на мирно решавање на споровите

Новоизбраната претседателка на Мексико, Клаудија Шејнбаум, ја одби поканата на украинскиот претседаел Володимир Зеленски да ја посети Украина.

Шејнабаум, прашана дали ќе ја посети Украина, истакна дека надворешната политика на Мексико се заснова на немешање во надворешните работи, како и на мирно решавање на споровите.

Би сакал вашиот претседател (Лопез Обрадор) да дојде овде и да ги види нашите уништени болници, нашите мртви, нашите гробови. Така, ја поканивме новата претседателка да ја посети Украина. Ќе ни биде голема чест и би сакале таа да помогне во разјаснувањето на овие работи и да заземе фер став бидејќи, од моја гледна точка, не е добро да се бара рамнотежа како што сака Бразил, одеднаш да го покани Путин на Г-20. средба“, изјави неодамна Зеленски за мексиканскиот весник „Ексселсиор“.

Пронајдете не на следниве мрежи: