Мексико останува без пиво поради корона-кризата

Следниве неколку дена Мексико би можел да остане без пиво, соопшти Здружението на пиварниците во Мексико.
Мексиканската Влада не го смести прозводството на пиво во есенцијалните индустриски гранки, па пиварниците во март беа затворени по вонредните мерки поради корона-пандемијата.


Претседателката на Здружеието, Карла Сикејрос изјави дека нема проценки – колку уште пиво останало во продавниците, но има сигурни информации дека цените драстично се покачуваат поради недостигот.
Таа им вети на љубителите на оваа напивка, дека производството ќе почне веднаш кога Владата ќе одобри враќање на работниците во фабриките.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.