Меланија во раскошен фустан достоен за кралица

Претседателскиот пар допатува во службена посета на Лондон, а Меланија, сосема очекувано, заблескала во полн сјај.
За гала вечерта и средбата со премиерката на Велика Британија, Тереза Меј и нејзиниот сопруг, Меланија спремила нешто навистина спектакуларно.Кога излегла од автомобилот во раскошен фустан на францускиот дизајнер Жил Мендела, сите погледи биле вперени кон неа.


Елегантната балска тоалета во нежно жолта нијанса веднаш била оценета од страна на модните критичари како фустан достоен за кралскиот двор и креација во која Меланија изгледала најелегантно досега.
Кројот на преубавиот фустан го истакнал најтесниот дел од струкот на првата дама, а неверојатно раскошните ракави кои паѓале до подот направиле таа да изгледа како најпрефинета ѕвезда на црвениот тепих.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.