Меланија Трамп заедно со нејзиниот сопруг Доналд Трамп ги посетија подрачјата погодени од разорните пожари во Лос Анџелес, во лежерна модна комбинација.Меланија Трамп за оваа официјална пригода избра тесни фармерки во црна боја и спортска јакна во маслинесто зелена боја. Носеше и рамни кожени чизми со врвки, како и едноставна црна капа.Првата дама на САД е во лежерно и спортско модно издание, сосема поинакво од гламурозното модно издание кое го претстави на неодамнешната инаугурација.Многумина го коментираа нејзиниот избор на фармерки. Имено, тесните фармерки веќе не се во мода – овогодинешниот тренд диктира различни, пошироки модели на фармерки.Он-лајн Х коментарите за изборот на фармерки на Меланија постојано доаѓаа:„Никогаш не се откажав од тесни фармерки и покрај очајните молби на мојата ќерка Gen Z“, „Таа е инспирација“, „Модата се врати“, „Нејзините чизми совршено и прилегаат:“, „Изгледа како милион долари“ беа само неколку од коментарите.
Пронајдете не на следниве мрежи: