Меланија Трамп во изглед каков што не сме навикнати да го гледаме: Ја споредуваат со лик од „Топ Ган“ (фото)

Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, вчера го придружуваше својот сопруг Доналд Трамп за време на неговата посета на поморската база во Норфолк, а за таа пригода носеше прилично поинаква облека во споредба со оние во кои сме навикнати да ја гледаме.Имено, педесет и петгодишната девојка за овој настан носеше кафеава кожна бомбер јакна, која ја искомбинираше со бела кошула со јака и темни фармерки.Таа го комплетираше својот изглед со авијатичарски очила за сонце и бела бејзбол капа со извезен збор „САД“ на предната страна. Носеше и кафеави мокасини.Иако целиот аутфит беше различен од елегантните изданија во кои најчесто се појавува, чевлите особено „отстапуваа“ од вообичаеното, бидејќи Првата дама ретко се гледа без високи потпетици.
Melania Trump channels ‘Top Gun’ in leather bomber for naval station visit https://t.co/HTmJ1aOM9f pic.twitter.com/XlMSrrpBFG— Page Six (@PageSix) October 6, 2025
Појавата на Меланија многумина ги потсети на ликот Шарлот „Чарли“ Блеквуд од „Топ Ган“ што ја игра Кели Мекгилис.Меланија го придружуваше Доналд Трамп на посетата на бродот „УСС Џорџ Х.В. Буш“, каде што разговараа со морнарите.
Elegance personified. Melania Trump is the most beautiful First Lady in American history. #America #MELANIATRUMP pic.twitter.com/I5gdH1HPSs— Real Trucker Jake Logan (@bigskyfit) October 6, 2025
Дуото присуствуваше на воена демонстрација додека стоеја на палубата на носач на авиони пред американскиот претседател да се обрати пред толпа од приближно 10.000 луѓе.Во меѓувреме, Меланија изгледаше воодушевена што зборуваше на настанот, мавтајќи им на присутните и широко насмевнувајќи се.Откако ги поздрави морнарите со извик „хуа“, на што тие вратија, таа рече дека е почестена што е таму.

Пронајдете не на следниве мрежи: