Меланија Трамп се исплаши од слон

Првата дама на САД, Меланија Трамп се наоѓа на првата самостојна турнеја низ африканските земји. Покрај средбите со жителите, семејства, бебиња и деца, Меланија го посети и сиропиталиштето за слонови во Најроби, но за време на таа посета се случи мал пех.
Меланија Трамп го посети сиропиталиштето за слонови и носорози Дејвид Шелдрик во Најроби, Кенија, каде се дружеше со овие животни.
Меѓутоа, кога првата дама на САД сакаше да го погали едното слонче, тоа случајно ја оттурна.

За среќа, првата дама не беше повредена во овој „инцидент”, додека обезбедувањето беше покрај неа и ѝ пружи рака во случај на пад.
Меланија за време на посетата беше во присуство на првата дама на Кенија, Маргарет Кенијате.
Откако се насмеаа сите за овој инцидент, Меланија продолжи да се дружи со овие преслатки животни, а потоа таа ги хранела и со шише млеко.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.