Мелбурн од денеска 6 недели во карантин поради опасноста од нагло ширење на корона вирусот

Мелбурн од денеска 6 недели во карантин

Мелбурн од денеска ќе биде во 6-неделен карантин за да се спречи ширењето на коронавирусот.  Градот повторно ќе биде под целосен карантин поради зголемување на случаите со коронавирус.  Границата помеѓу двете најнаселени австралиски држави, Викторија и Нов Јужен Велс, од денеска е затворена. Ситуацијата сега е покомплицирана од пред неколку месеци. Денијел Ендрјуз, Премиерот на сојузната држава Викторија, изјави дека од среда вечер луѓето ќе мораат да останат во своите домови, освен кога ќе требаат да одат на работа, да извршат нужни обврски.

Австралија има 137 нови случај за едно деноноќие. Тоа е најголем дневен пораст од почетокот на епидемијата. Минатата недела беше воведен карантин за повеќе од 300.000 жители во северните предградија на Мелбурн.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.