Мелодија за регенерација: Оваа лековита фреквенција го зајакнува емотивното и физичкото здравје

Старите цивилизации отсекогаш користеле вибрации за исцелување на телото и емоциите. Тие „магични“ вибрации кои се невидливи за нашите сетила, имале благотворно влијание на емотивната и физичката состојба преку звукот.
Сè има оптимална вибрација (фреквенција), а сите вибрации создаваат резонанса, односно звучни бранови во одреден простор. Кога ќе се соедините со таа резонанса, ние сме избалансирани. Сите органи и клетки во нашето тело ги апсорбираат и ги емитуваат звуците со одредена резонантна фреквенција.

Имајќи го ова на ум, ви претставуваме музика со фреквенција 528, која исто така се нарекува и фреквенцијата на љубовта. Според досегашното искуство на многумина, таа има чудесен ефект на човечката психа. Оваа фреквенција ја користеле и древните свештеници и исцелители за да воспостават рамнотежа во телото на нивните пациенти.


Доктор Риф со помош на оваа мелодија и во комбинација на Шумановата резонанса, редовно го исцелува и чисти телото од токсини. Музиката од 528 Hz претставува биоенергетско истелително средство за здравје и долговечност. Се верува дека оваа лековита фреквенција помага да ги вратиме ритамот и хармонијата во нашиот систем.
Од друга страна пак, доктор Хоровтиц, водечкиот лидер во испитување на ефектите на фреквенцијата 528, верува дека мелодијата со неа може да го активира и најголемиот потенцијал на личноста што ја слуша.
Дали вие имате некакво искуство со оваа мелодија? Или пак, дали би сакале да пробате да ја слушате за да видите што би се случило?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.