Директорот на Детска клиника, Реџеп Мемеди во изјава за новинари денеска изјави дека од нивните специјалисти и од специјалистите на клиниката за инфективни заболувања е константирано дека во моментот бебето е во добра општа здравствена состојба.
-Комплетната грижа, професионална, медицинска сите деца ја имаат и за жал починатото дете кое е згрижено од првиот ден го добивало комплетниот третман, но за жал еве тоа е општо познато дека не секогаш успеваме да ги спасиме животите на сите деца. Ќе има стручен надзор меѓутоа по нашите сознанија и тој ден имало преглед од нашите специјалисти и од специјалистите на клиниката за инфективни заболувања константирано е дека во моментот бебето е во добра општа здравствена состојба, изјави Мемеди.