Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, официјално потпишаа договор за соработка помеѓу ресорното министерство и најстарата и најпозната високообразовна институција во државата, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Овој договор го истакнува заедничкиот стремеж на Министерството и Универзитетот за интеграција на културните и образовните практики, спојувајќи ја теоријата со примената, како и академското знаење со институционалниот напредок.
„Потпишувањето на овој документ отвора можности за спроведување истражувања и анализи, размена на искуства, и координација на заеднички проекти. Сакам да истакнам дека Министерството е отворено за соработка со академската заедница, не само како набљудувач, туку како рамноправен партнер во формирањето на културна политика базирана на знаење и истражувања. Овој документ е составен дел од нашата стратегија за професионализација на културниот и туристичкиот сектор, како и за подобрување на учеството на младите во културните активности,“ истакна Љутков. Тој верува дека ваквата соработка ќе донесе значајни конкретни резултати и ќе означи почеток на нова фаза во развојот на културната и образовната политика во Македонија.
The post Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и туризам и УКИМ appeared first on 365.mk.