Меморандум за соработка помеѓу мпс и асоцијацијата за корпоративна безбедност, владеење на право и човекови права

Претседателот на Македонски полициски синдикат – Скопје Марјан Кицев и претседателот на Асоцијација за корпоративна безбедност, владеење на право и човекови права „Менаџер за корпоративна безбедностˮ – Скопје Атанас Козарев денеска потпишаа Меморандум за меѓусебна заедничка соработка, со цел создавање платформа за соработка меѓу овие две организации.

-Потписниците се обврзаа дека заеднички ќе делуваат и меѓусебно соработуваат во интерес на развојот на високото образование преку размена на искуства и најдобри практики, учество во настани и активности од заеднички интерес, учество во заеднички проекти во областа на високото образование и академските истражувања и тоа: проекти за развој и професионализација полициската професија и организација, истражувачки проекти, промотивни проекти за унапредување на демократските процеси и владеење на правото во областа на полициското работење, како и организирање хуманитарни настани и проекти за развивање и промоција на општествената одговорност, соопштија од Македонскиот полициски синдикат.

Заедничките активности и проекти ќе се реализираат на иницијатива и покана на една од страните потписнички на Меморандумот и секоја поединечна активност.

Пронајдете не на следниве мрежи: