Уште една Французинка го засилува составот на ЖРК Вардар СЦБТ за следната сезона. На Амандин Лејно и на Сираба Дембеле им се придружува и Клодин Менди.Левиот бек на француската репрезентација со нашата екипа потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на соработката.„Со ангажманот на Клодин Менди добиваме големо засилување на бековската позиција. Уште едно големо име во европскиот ракомет се приклучува во нашиот состав што го градиме за следната сезона. Исклучително сме задоволни што преговорите имаа позитивна завршница и очекуваме успешна соработка. Пред нас е еден голем и амбициозен проект и создавањето на силен тим е основата на сето тоа“ ја пренесува изјавата на директорот на ЖРК Вардар СЦБТ, Давор Стојаноски, клупската интернет страница.Француската репрезентативка во Скопје ќе се пресели по една сезона помината во дресот на Будуќност од Подгорица. Црногорскиот првак сезонава не успеа да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите и го заврши настапот во четвртфиналната фаза. Амбициозниот проект и силниот тим што го создава ЖРК Вардар СЦБТ ја привлекоа Менди да ја продолжи кариерата во Македонија.„Среќна сум што верувавте во мене и ќе дадам се од себе да ја оправдам таа доверба. Ова е убав проект и јас се гордеам што ќе бидам дел од сето тоа. Ќе играм заедно со големи играчи и се надевам дека ќе научам многу“, изјавила Клодин Менди.На 23-годишната француска ракометарка која важи за една од најталентираните и најперспективни бекови во Европа, Будуќност и беше прво интернационално искуство. Пред да замине во редовите на црногорскиот првак, Менди три сезони го носеше дресот на Авр (2007-2010), а потоа две сезони настапуваше за Мец (2010-2012).Иако е меѓу помладите репрезентативки, Клодин Менди е една од носителките на играта на репрезентацијата на Франција со која има сребрен медал на СП 2009 во Кина и на СП 2011 во Бразил, 5.место на ОИ во Лондон и 9.место на ЕП 2012 во Србија.
МакфаксУште една Французинка го засилува составот на ЖРК Вардар СЦБТ за следната сезона. На Амандин Лејно и на Сираба Дембеле