Обидете се да погодите колку килограми имаат жените на фотографијата

Мерењето и следењето на промените во телесната тежина може да бидат добра техника за проверка на успешноста од слабеењето. Меѓутоа, слабеењето треба да биде базирано на здрава исхрана и вежбање, а да е прилагодено на вашите способности. Во моментите кога диетата станува опсесија поради замислената слика од идеално тело, тогаш е време одново да ги преиспитаме причините поради кои толку се трудиме да ја намалиме телесната тежина.


Ако се возбудувате кога ќе забележите дека бројката на вагата е иста или кога ќе добиете плус 1 или 2 килограми во текот на одреден период – немојте да се мерите. Почнете да го мерите сопствениот напредок според она што вашето тело може да го постине и тоа што досега сте го постигнале. Факт е дека со помош на труд и вежбање може да се постигне многу, а тоа може да биде поголема физичка издржливост, поголем број истрчани километри, оформени мускули… Но, преголемиот физички напор и изгладнување за да симнете уште 3 или 5 килограми може да ве замори психички и да ве одведе во непотребна борба со килограмите.


Зошто е важно да се постават реални цели?
Главна и основна задача на секоја животна промена, па дури и на физичката, во овој случај слабеењето, би требало да биде зголемување на сопственото задоволство, а тоа не е можно без поставување реални цели. Исфрлете ја од главата сликата за идеално тело и гледајте на своите телесни атрибути како на посакувани. Можеби имате широки колкови, но цврсти и витки нозе. Од друга страна, ако имате силни нозе, вашите раце и струк се затегнати и мускулести.
Исто така, обрнете внимание и на вашите години и на вашата личност. Не дозволувајте поради нереални цели во поглед на килограмите да бидете депресивни, нервозни или ладни. Самодовербата и насмевката се попривлечни од бројката на вагата.
Погледнете ја уште еднаш фотографијата со женските тела погоре. Што мислите колку килограми има секоја од нив? Сите се здрави и во добра кондиција бидејќи вежбаат.
И сите имаат 69 килограми, но имаат различна висина и телесни пропорции. Фактот дека сите имаат иста тежина не значи дека некоја од нив треба да биде незадоволна бидејќи во краен случај сите се во форма и се здрави. Уште ако додадат насмевка на лицето и го облечат најомиленото парче облека, секоја ќе биде привлечена на свој начин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.