Актерката Мерил Стрип избра елегантен моден изглед за нејзиното појавување во „The Late Show with Stephen Colbert“.
За оваа пригода, таа избра лабава кошула со леопард принт, како и црни панталони со цигаретски крој и црни потпетици со зашилен врв.
По пристигнувањето за гостувањето, Стрип ги поздрави присутните и позираше насмеано
Таа се одлучи и за црни очила за сонце и елегантна црна чанта. Косата ја врза во опавче, а по пристигнувањето на гостувањето, ги поздрави присутните и позираше насмеана.
Нејзините чести гостувања следеа по прес-турнејата за филмот „Ѓаволот носи Прада 2“.
Во филмот „Ѓаволот носи Прада“, Стрип, преку улогата на Миранда, ја изрази својата љубов кон брендираните чанти и елегантната облека, што го практикува и во приватниот живот.
Исто така, во неодамнешно интервју, Мерил Стрип откри дека нејзината колешка Ен Хатавеј инсистирала дека во филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ не се прикажани модели кои се алармантно слаби.
„Бев импресионирана од тоа колку беа убави и млади моделите, сите ми изгледаа млади, но и алармантно слаби. Мислев дека сето ова е средено пред години. И Ени го забележа ова и веднаш ги контактираше продуцентите, обезбедувајќи ветувања дека моделите на модната ревија што ја подготвувавме за нашиот филм нема да бидат толку слаби“, изјави претходно актерката.
The post Мерил Стрип позираше во елегантна облека: Невообичаена кошула со леопардски принт во преден план appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



