Мери Џејн фестивалот во Берлин



„Мери Џејн Берлин“ е најголемиот германски саем за коноп, започнат во 2016 година со повеќе од стотици национални и меѓународни изложувачи. Бидејќи годинава во Германија канабисот беше целосно легализиран, на Мери Џејн саемот ќе се забавуваме со сите производи поврзани со канабис. Заради тоа, на Мери Џејн Берлин 2024 нашиот тим од ТРН ќе оди во живо да го посети фестивалот кој ќе трае од 14ти до 16ти јуни.

„Мери Џејн Берлин“ не е само саем, туку и фестивал. Покрај штандовите со храна, концерти во живо и предавања за терапевтски својства, се нуди и обемна забавна програма. Посетителите се информирани за разновидноста на употребата на канабисот. Тој се користи за исхрана, козметика, градежен материјал, производство на лекови и многу повеќе.

Фото: dpa.de

Ние сме активни поддржувачи на легализацијата на канабисот. Затоа сакаме да ја прошириме пораката; Канабисот не е опасна дрога која уништува животи! На страна од тоа дека е побезбеден за користење од алкохолот, придионесува значителен број на позитивни влијанија. Канабисот е познат по тоа дека помага со активирање на апетитот и го смирува телото, ова својство им помага на луѓето кои страдаат од ХИВ, рак и хемотерапија, анорексични луѓе како и луѓето со Паркинсонова болест кои од тресење не можат да се смират.

Фестивалите како Мери Џејн се одлични за да се крене свеста на луѓето околу канабисот. Вистината е дека канабисот не сакаме да го користиме само како лек против хронични болести, туку сакаме да го користиме како медиум за рекреација, алтернатива на алкохолот, па затоа преку игра и забава се слави билката! Нашиот тим во живо ќе ја прославува и изучува секоја страна на оваа билка на берлинскиот фестивалот.

„After-movie“ на „Mary Jane Berlin 2023“

За Мери Џејн, канабисот не е било каква суровина – туку е движење што ги редефинира медицината, исхраната, начинот на живот и козметиката. Локацијата е исто така нова сега. Во 2024 година за прв пат ќе се одржува во Месе Берлин.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: