Меркел:„Многу сме блиску до второ затворање поради ширењето на КОРОНА ВИРУСОТ“

Таа додала дека целта е и зачувување на економијата, пренесува АП.

„Ние сме многу поблиску до второто затворање отколку што сакаме да веруваме“, рекол премиерот на Баварија, Маркус Зедер, предупредувајќи: „Можеби не е веќе пет до 12, можеби е веќе 12 часот”.

Меркел ги повикала младите да придонесат за запирање на ширењето на инфекцијата, бидејќи било откриено дека приватните забави се виновни за локалните жаришта.

„Ги покануваме младите да се откажат од неколку забави со цел да имаат добар живот утре или задутре“, рекла таа.

Зедер се согласи со тоа, повикувајќи на „филозофија – повеќе маски, помалку алкохол, помалку приватни забави“.

Канцеларката изјави дека ефективноста на мерките ќе се оценува континуирано и дека може да следат нови, пренесува Ројтерс.

„Ќе видиме дали денешните одлуки се доволни. Се уште сум загрижена“, рекла Меркел.

Повеќе од 5.000 нови случаи се регистрирани во Германија денес, а 43 лица починале.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.