Меркел: Богатите треба да обезбедат вакцини за сиромашните

Германија и другите богати земји, покрај паричната помош, треба да донираат дел од своите залихи на вакцини на сиромашните земји, бидејќи пандемијата може да ја завршиме само доколку ги вакцинираме сите луѓе на Земјата, изјави вчера германската канцеларка Ангела Меркел по видео самитот на Г7.
Таа додаде дека не се разговарало за тоа колку проценти од националните залихи треба да се донираат.
-Во моето излагање нагласив дека пандемијата нема да заврши се додека не се вакцинираат сите граѓани на светот, рече канцеларката Меркел, пренесена од британските медиуми.
Таа истакна дека новиот американски претседател, Џо Бајден, веќе ја зајакна меѓународната соработка и мултилатерализам и коментирајќи ги дипломатските активности за заживување на иранскиот нуклеарен договор, таа најави дека ќе се обиде да обезбеди поттик за преговори.
-Прво и основно, мора да се осигураме дека нема да влеземе во проблемот кој треба да го направи првиот чекор, предупреди Меркел.
Претходно денеска шефот на иранската дипломатија, Мохамед Џaвад Зариф, кажа дека „веднаш ќе ги запре активностите за иранската нуклеарна програма веднаш штом САД ги укинат санкциите“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.