Меркел го повика Европарламентот да го прифати долгорочниот буџет

Германската канцеларка Анегела Меркел го повика во четвртокот Европскиот парламент да го прифати долгорочниот европски буџет за периодот од 2014 до 2020 година, договорен на почетокот од февруари, за кој повеќето европарлементарци се закануваат дека ќе стават вето. 

„Знам дека престојат тешки преговори со Парламентот. Тоа е природно. Сакам едноставно да истакнам дека без договор во Европскиот совет не би имало апсолутно никакви основи за одлука во Парламентот”, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
„Мислам дека би бил добар совет да не го гледаме прво она што нé раздвојува, туку да се концентрираме на она што го поврзува Европскиот совет и Парламентот”, додал Меркел.
Постигнатите резултати се „од непроценлива вредност”, оценува германската канцеларка, истакнувајќи дека договорениот буџет е добар за „растот, конкурентноста и вработувањето”. „Тоа е добра вест за иднината на Европа”, истакнува Меркел.
„Велам јасно: никој, ниту меѓу државите жртви на кризата, ниту меѓу оние коишто го носат најголемиот товар на солидарноста, не би можел да прифати дека во Европа мораат да штедат сите освен самата Европа”, додала Меркел.
Европските челници на последниот самите го договорија седумгодишниот буџет на Унијата од 960 милијарди евра во преземени обврски и 908,4 милијарди евра во реалните плаќања, што е значително намалување во однос на првичниот предлог од 1.030 милијарди на Европската комисија. Ова е првпат во историјата на ЕУ да биде договорен буџет понизок од претходниот, кој за периодот 2007-2013 година изнесуваше околу 1.000 милијарди евра.
Меѓутоа, челници четири најголеми политички групации во Европскиот парламент се заканија со блокирање на компромисното решение, предупредувајќи дека буџетот во таква форма ќе ја ослаби конкурентноста на европската економија.
Според Лисабонскиот договор, Европскиот парламент има право на вето на повеќегодишниот буџет на Европската унија.
Макфакс
Германската канцеларка Анегела

Пронајдете не на следниве мрежи: