Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека за развој на вакцина против новиот вирус е потребно да се соберат осум милијарди евра. Меркел во неделната видеопорака потсети дека сите можат да бидат заразени со вирусот, поради што е неопходно заеднички да се дејствува.
Таа се осврна и на донаторската конференција на ЕУ којашто ќе се одржи на 4 мај.
„И Германија ќе даде значаен финансиски придонес. Активни ќе ги следиме случувањата коишто следат“, рече Меркел. Таа повика на меѓународна соработка за пронаоѓање на лек и вакцина против Ковид-19.