Меркел за продолжување на преговорите на ЕУ со Турција иако е скептична

Германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот изјави дека Европската унија треба да ги продолжи преговорите со Турција во врска со евентуалниот нејзин прием во Унијата, но остана скептична во поглед на остварување на таквата можност.Ангела Меркел се залага за „привилегирано партнерство“ на Турција со Унијата, но не и за нејзино полноправно членство во заедницата на држави.Германија сака процесот на преговорите да напредува, иако е факт дека сум воздржана во поглед на полноправно членство на Турција во Европската унија“, рече Меркел во Анкара, на заедничката прес конференција со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.Во Турција расте бројот на незадоволство поради бавното одвивање на разговорите со Европската унија.Меркел истакна дека со Турција се водат разговори чиј што исход е отворен, што значи дека резултатите не се познати.Турција ги започна преговорите за приклучување во ЕУ уште во 2005 година, но бавно напредуваат поради судирот со Кипар, членка на ЕУ, како и поради противењето на одделни европски држави на толку бројна муслиманска земја да не и се дозволи членство.
МакфаксГерманската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот изјави дека Европската унија треба да ги продолжи преговори

Пронајдете не на следниве мрежи: