МЕРКЕЛ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СЕ УШТЕ ИМА ШАНСИ

Како што објави Дојче веле на македонски јазик, Меркел рече на видео-конференција со парламентарците на европскиот континент, но истакна дека германското претседателство сè уште се соочува со тешкотии при одржувањето на таа седница и дека сè уште има потреба од преговори меѓу Софија и Скопје.


„Ние се соочуваме со тешкотии во олеснувањето на првата меѓувладина седница со Северна Македонија. Албанија постигна голем напредок, но особено за тоа дали ќе успееме на време и со Северна Македонија, бидејќи сè уште има потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија”, рече германската канцеларка.
Подоцна, одговарајќи на прашањата на пратениците Меркел, таа рече дека се надева оти Северна Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ оваа година, додека Албанија ќе треба да почека.
„Во случајот на Албанија, прашањето е малку поинакво. И покрај напредокот, не можам да ветам дека тоа ќе се случи оваа година, но ќе биде многу скоро“, истакна Меркел.
Ангела Меркел им порача на парламентарците дека големо внимание се посветува на регионот на Западен Балкан и дека „таму има тензија, но истотака има и напредок“.
Според неа, процесот во Берлин се покажа како добра иницијатива што дава резултати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.