Меркел: Цел сум на руски хакерски напади и тоа многу ме повреди
Меркел пред германскиот парламент во средата изјави дека претрпела болка кога дознала за хакерскиот напад во 2015 година и за сторителот.
„Можам искрено да кажам дека тоа ме повредува. Секој ден се обидувам да изградам подобри односи со Русија, а од друга страна, имам цврсти докази дека руските сили го прават тоа“, кажа Меркел.
Меркел во одговорот на прашање на пратениците во Бундестагот, рече дека такво нешто ја уништува соработката заснована на доверба.
“Секако дека го задржуваме правото на мерки против Русија”, потенцираше таа, додавајќи дека резултатите од истрагата на обвинителството јасно укажуваат на руско влијание.
Таа рече дека хибридната војна на Русија (како што ја нарече), е „стратегија… на која треба да внимаваме, а што не можеме да ја потиснеме“.
Во текот на хакерскиот напад на Бундестагот во 2015-та година, извршителите релативно без цел собирале податоци, објаснила Меркел, додавајќи дека не е само нејзината канцеларија цел на нападот, туку и други.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.