недела, 15 ноември 2026
Најново

Меркел ја критикуваше нејзината ЦДУ и лидерот Мерц за соработката со АфД во Бундестагот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денеска ја критикуваше нејзината партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и лидерот Фридрих Мерц, дека се потпираат на поддршката на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) за да се усвои нивниот предлог во парламентот – барателите на азил да може да се враќаат уште од границата, јави ДПА.

-Верувам дека тоа е погрешно, рече Меркел откако предлогот на ЦДУ, со поддршка на Алтернатива за Германија (АфД), вчера беше усвоен во парламентот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Меркел го обвини Мерц дека го прекршил ветувањето што го дал во ноември да бара парламентарно мнозинство со главните партии, а не со АфД.

Бундестагот вчера со тесно мнозинство изгласа необврзувачка мерка, предложена токму од ЦДУ, барателите на азил да може да се враќаат од границата.

Мерката беше усвоена со 348 гласа „за“, а 344 пратеници „против“, а конзервативците беа поддржани од АфД и Слободните демократи (ФДП).

Според анкетите, АфД е на второто место зад ЦДУ на помалку од четири недели пред парламентарните избори закажани за 23 февруари.

Поврзани вести