Мерки на претпазливост за шестмина полицајци осомничени за пожарот во Кочани

Судот го прифати предлогот на ОЈО ГОКК за определување мерки за претпазливост против шестемина полициски службеници кои се осомничени за пожарот во Кочани. Тие попладнево беа спроведени и се произнесоа во судот во однос на предлогот на јавниот обвинител.

Мерките кои ги определи Судот се: одземање патна исправа, забрана за напуштање живеалиште, јавување во суд, забрана за контакти со останати обвинети/осомничени и забрана за преземање одредени работни активности.

Пронајдете не на следниве мрежи: