Се наоѓаме во многу предизвикувачки астролошки период бидејќи моментално има дури пет планети во Водолија (Меркур, Венера, Марс, Сонцето и Плутон). Ова планетарно влијание најсилно ќе го почувствуваат Водолија, Лав, Бик и Шкорпија.
Ова е силен и прилично револуционерен астролошки период во кој акцентот е ставен на слободата, промената и раскинувањето со старите животни шеми.
Со Сонцето во Водолија, фокусот е на автентичноста , различното размислување и потребата да се живее споредсопствените правила, додека Меркур во истиот знак носи неконвенционални идеи и разговори што можат да го променат текот на врските или одлуките од корен.
Бунт и слобода
Венера во Водолија ги лади емоциите на прв поглед , но отвора простор за поискрени, послободни врски во кои пријателството, еднаквоста и менталната поврзаност се поважни од класичната романса.
Марс во Водолија го засилува бунтот, како и потребата за брза и храбра реакција, но и за насочување на енергијата кон заеднички цели, социјални прашања и борбата за вистината.
Турбулентен период и промени
Плутон во Водолија го носи сè на повисоко , длабоко трансформативно ниво, што значи дека ова е време кога стариот живот се распаѓа и се раѓаат нови начини на поврзување, размислување и дејствување.
Многумина може да почувствуваат внатрешен немир, ненадејни прекини, потреба да се ослободат од она што ги задушува, но и силен импулс да бидат тоа што се без извинување. Ова не е мирен период, но е исклучително моќен за лични и колективни промени.
The post Меркур, Сонце, Венера, Марс и Плутон во Водолија: Планетарна забава – големи промени за 4 знаци appeared first on Во Центар.



