Мерните станици кај Ректоратот вечерва измерија загадување дури 16 пати над дозволеното

Скопје и вечерва се гуши во загаден воздух, мерните станици измериле дури 801 ПМ 10 честички кај Ректорат.
Па така според мерните станици вечерва најзагадено е во Ректоратот на УКИМ.
Мерните станици за мерење на квалитетот на воздухот измериле дури 801 ПМ 10 канцерогени честички или 16 пати повеќе од дозволеното ниво.

Но и покрај најавените мерки за намалување на загаденоста на воздухот ветени од страна на локалните и централните власти се уште нема реализација на истите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.