Поранешните светски шампиони во Формула 1, Мерцедес го претстави својот болид за новата сезона, а истиот е наречен „В14“, кој треба да им се спротистави на големите конкуренти од Ферари и Ред Бул.
Главните возачи Луис Хамилтон и Џроџ Расел, како и резервниот возач Мик Шумахер, беа на промоцијата на болидот и кажаа дека сакаат да се борат за титулата.
„Се надевам дека ќе се бориме за титулата. Нашите ривали беа силни минатата сезона, а ние ќе се обидеме да ги стигнеме. Оваа година даваме сè од себе за да се вратиме на врвот“, соопштија од Мерцедес.