Британецот Луис Хамилтон не оствари ниту една победа во 2022 година во формула еден-шампионатот, но тоа не беше пречка за челниците на тимот на Мерцедес да му понудат нов договор со рекордна сума.
Неговиот сегашен договор завршува на крајот од годинава, според кој заработува околу 40 милиони евра, но германската екипа сака уште сега да го „врзе“ и за во следните две години односно за до крајот на сезоната во 2025 година. За тоа, Мерцедес е подготвен да плати вкупно 140 милиони евра, што ќе биде нов рекорд во Ф1, сума која, сепак, е далеку од бараните 400 милиони евра од страна на Хамилтон за период кој не е прецизиран.