Мерц: На Украина и е потребен мировен план

Германскиот канцелар Фридрих Мерц по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски и други европски лидери изјави дека на Украина во моментов ѝ е потребен мировен план, изјави неговиот портпарол Стефан Корнелиус.

-За време на вчерашниот разговор по средбата на Зеленски со американскиот претседател Доналд Трамп, европските лидери, вклучувајќи го и Мерц, ветија дополнително зајакнување на поддршката за Украина со цел „да се охрабри Русија да се вклучи во сериозни преговори – рече Корнелиус.

Според него, Володимир Зеленски има целосна поддршка од Германија и европските партнери на патот кон мирот.

Пронајдете не на следниве мрежи: