Изминатата вечер фудбалерите на Интер Мајами славеа победа од 2-1 над Филаделфија, а во овој натпревар гол постигна и Лионел Меси кој имаше и посебен поздрав до Новак Ѓоковиќ.
Тимот од Флорида стигна до водство во 23. минута кога погоди Тејлор, додека Меси погоди во 57-та минута.
Веднаш по постигнатиот гол Меси изведе движење како да удира форхенд сакајќи веројатно да го поздрави Ѓоковиќ.
Меси и Ѓоковиќ еден ден претходно се сретнаа по полуфиналето на Новак во Мајами и си разменија подароци.