Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси постигна гол и асистираше за уште еден во триумфот над Хрватска (3-0), а статистиката покажува дека 2022 година му е најуспешна во дресот на националниот тим.
Меси оваа година постигна 16 голови за Аргентина, а тоа е повеќе од било која друга година во која го носел дресот на „гаучосите“.
Фудбалерот на ПСЖ само еднаш има постигнато над 10 голови за Аргентина, и тоа пред 10 години кога стигна до бројката од 12 погодоци.