Меси против двајца Французи во изборот за најдобар фудбалер во светот!

Лионел Меси е на добар пат минатата година да ја памети по уште една добра работа, откако се најде меѓу тројцата кандидати во изборот на најдобар на светот во организација на ФИФА.

Аргентинецот се смета за фаворит, без разлика што како конкуренти ги има фантастичните Карим Бензема и Килијан Мбапе. Меси во декември во Катар стана светски шампион со Аргентина, на Мундијалот фантастичен настап имаше и Мбапе, додека Бензема е актуелен освојувач на „Златната топка“ по одличните игри и резултати со Реал Мадрид

Пронајдете не на следниве мрежи: