Меси се огласи, играчите прифатија 70 отсто скратување на платите

По долги разговори меѓу капитените и управата, донесена е одлука
Капитенот на Барселона и прва ѕвезда на тимот Лионел Меси, преку „Инстаграм“ се огласи дека играчите го прифатија предлогот на управата да им бидат скратени платите до 70% во наредниот период. Прекинот на сезоната поради пандемијата со Коронавирусот ги погоди финансиите на европските гиганти, по што мораше да се преземат вакви мерки.
По неколку разговори меѓу капитените и раководството, донесена е одлука со цел да може финансиски да се поддржат останатите вработени во колективот. Соопшението на Меси го објавија уште неколку играчи од првиот тим на Барселона.
„Разбираме дека ова е вонредна состојба и мора да се преземат вакви мерки. Никогаш не сме отстапувале од нашата одговорност, на сличен начин и претходно сме помагале на клубот по наша иницијатива“, стои во дел на соопштението кое го објави аргентинската мегаѕвезда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi) on

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.