Репрезентацијата на Аргентина со победата од 3:0 против Хрватска се пласираше во финалето на Светското првенство во Катар.
Најголемо внимание на оваа средба, но и заслуги има еден од најдобрите фудбалери на денешницата , Лионел Меси .
Тој се огласи на социјалните мрежи по пласманот во финалето и порача:
„ Финале! Се вративме и најдовме сила да одиграме уште еден одличен натпревар. Ви благодариме многу на сите што веруваат во овој тим. Проклетство Аргентина, да одиме “, напиша возбудениот Меси. Аргентина за титулата светски првак во фудбал ќе се бори со победникот од мечот Франција – Мароко што се игра в среда од 20 часот, а поразен ќе биде противникот на Хрватска во борбата за бронза.