Металург во Минск против Динамо во Лигата на шампиони

Ракометарите на Металург, во четврток во Минск, ќе го одиграат првиот осмина финален натпревар во Лигата на шампиони. Домаќин на Металург ќе биде најдобриот белоруски тим Динамо.Играчите на Металург од средата се во Минск, каде одработија и еден тренинг во пресрет на натпреварот.Тренерот Лино Червар, со исклучок на Дејан Манасков, кој поради повреда веќе ја заврши сезоната, на располагање ги има сите играчи – Аце Јоновски и Филип Миркуловски се рехабилитираа од повредите, со кои се здобија на натпреварот со Силкеборг.Червар, очекува голема борба на паркетот, предупредувајќи дека Динамо игра брз и на моменти премногу агресивен ракомет. Според него одбраната ќе биде клучниот фактор на овој натпревар.Најголемата опасност по голот на Металург ќе доаѓа од надворешната линија во која се истакнуваат Атман, Остроушко и Николаенко.Натпреварот во Минск ќе започне во 17 часот, додека реваншот во Скопје на програмата ќе биде во сабота на 23.март.
МакфаксРакометарите на Металург, во четврток во Минск, ќе го одиграат првиот осмина финален натпревар во Лигата на шамп

Пронајдете не на следниве мрежи: