Ракометарите на Металург изборија пласман меѓу најдобрите осум екипи во Европа, откако во осминафиналниот реванш во Лигата на шампиони го победија Белорускиот шампион Динамо Минск со 24:22 (11:12).Со пласманот во четвртфиналето играчите на Металург испишаа нова страница во историјата на македонскиот ракомет, како прва екипа која стигнала до оваа фаза во елитното натпреварување.Ренато Вугринец со седум гола го предводеше Металург до победата, четири гола даде Ракчевиќ, а по три пати прецизни беа Мојсовски, Георгиевски и Козлина, одличен на голот беше и Дарко Станиќ кој имаше 14 успешни интервенции.Павел Атман со шест погодоци и голманот Вадим Богданов со девет одбрани беа најдобрите играчи на Динамо.Динамо, кој немаше што да загуби, без респект кон противникот, со одбрана 6-0 и расположениот Богданов целосно го диктираше темпото на играта во првото полувреме.Гостите од Минс во 10.минута создадоа предност од два гола (4:6), на која Металург предводен од Вугринец во нападот и Станиќ на голот за седум минути одговори со серија 3:1, за превземање на водството 8:7.Израмнета борба се водеше се до 26.минута кога Динамо повторно стигна до предност од два гола 10:12. До крајот на полувремето двата тма направија по неколку технички, а Металург со погодкот на Ракчевиќ во последните секунди ја намали предноста на противникот на 11:12.Стратегот на Металург на почетокот на вториот дел реши да ја смени формацијата во одбраната, заиграа ‘металурзите’ зона 5-1 и таа промена во првите пет минути им донесе серија од 5:2 и водство од 16:14, што беше сигнал за гостинскиот тренер Бебешко да побара минута одмор.Предноста од два гола Металург ја одржуваше до 48.минута, кога најрвин погоди Миркуловски, а потоа и Мојсовски за предност од 22:18.Од тој момент полека започна да се распаѓа играта на Динамо, а играчите на Металург мирно го приведоа натпреварот до неговиот крај.
МакфаксРакометарите на Металург изборија пласман меѓу најдобрите осум екипи во Европа, откако во осминафиналниот реванш