Ракометарите на Металург, во среда, во рамките на 15.коло, во СЕХА лигата ќе играат против белорускиот Брест Мешков.
Македонскиот првак е лидер во регионалната лига, а со евентуална победа и теоретски ќе го обезбеди учеството на завршниот турнир. Металург и Брест Мешков оваа сезона имаат одиграно два натпревара, во Струга на традиционалниот турнир Металург победи со 26:23, додека во шестото коло, во СЕХА лигата Брест се радуваше на победата со 28:26. Натпреварот ќе се одигра во салата во „Автокоманда“ со почеток во 18 часот.
Макфакс
Ракометарите на Металург, во среда, во рамките на 15.коло, во СЕХА лигата ќе играат против бел
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.