Металург против Динамо Минск во осмина финалето во ЛШ

Металург, за противници во осмина финалето во Лигата на шампиони ги добија ракометарите на Динамо Минск, беше одлучено со ждрепката која во вторникот се одржа во седиштетот на ЕХФ во Виена.

Динамо Минск, е лидер во белорускиот шампионат, по 14 одиграни натпревари има 12 победи и по еден нерешен резултат и пораз. Белорускиот тим во Лигата на шампиони, во фазата по групи се натпреваруваше во Д групата и во конкуренција на Барселона, Фуксе Берлин, ПИК Сегед, Загреб и Кадетен Шафхаузен, со пет победи, една нерешена и четири порази го освои третото место. Динамо Минск има една титула во Белорусија (2007), а два пати го освојувал националниот Куп (2005, 2006).Металург и Динамо Минск имаат одиграно еден натпревар, на традиционалниот турнир во Струга, летото победи македонскиот шампион.
Првиот натпревар во Минск ќе се одигра на 16/17.март, а реваншот во Скопје ќе биде една недела подцна.
Металург на овоие средби ќе игра без еден од најдобрите играчи Дејан Манасков, кој поради повреда на лигаментите на коленото веќе ја заврши сезоната.
Осмина финални двојки во Лигата на шампиони:Силкеборг-БарселонаАдемар Леон-ВеспремПИК Сегед-КиелцеЦеље ПЛ-ХамбургЧеховски Медведи-КилДинамо Минск-МеталургАтлетико Мадрид-Фуксе БерлинГорење Велење-Фленсбург.
Макфакс
Металург, за противници во осмина финалето во Лигата на шампиони ги добија ракометарите на Динамо Минск, беше одлучено

Пронајдете не на следниве мрежи: